“Тој ќе започне со тренинзи пред Ол-Стар паузата (15/02-17/02). Но не очекуваме тој да биде 100 % спремен.“ - изјави тренерот на Никс, Мајк Вудсон.
“Јас мислам дека ќе биде доволно да ни даде некои продуктивни минути, но тој никогаш нема да игра многу на еден натпревар. Тоа е убавото од него и Маркус Кемби. Можеш да ги додадеш во ротацијата и да играат по 9-10 минути и тие да бидат продуктивни.“ - додаде Вудсон.
Пред повредата Волас играше преку 14 минути по натпревар и имаше 7.2 поени во просек. Волас реализираше 38.8% од својот шут од поле, но на Никси им овозможи дополнителна помош од линијата за три поени, скокови и играње одбрана.
0 comments:
Post a Comment