Рој разбира каде се наоѓа во моментов. Тој зборуваше со Крис Хејнс од „CSNNW.com“ и беше искрен за моментот кога на некој тренинг ја почувствувал старата позната болка во неговото колено.
“Само што се случи, во мојата глава јас реков доста е, се откажувам.“ - преполн со емоција изјави Рој. “Тоа беше мојата прва мисла, дека повеќе неможам да го правам ова. Се наоѓам на крстосница во мојата кариера."
Рој, 27 години, изјави дека ќе си даде уште една шанса до крајот на сезоната. Тогаш ќе види што понатака.
“Гледам на ова како да ќе биде мојата последна сезона. Не се каам повеќе бидејќи знам дека се обидов во уште една сезона. Така да, кога ќе кажам дека ова е мојата последна сезона не ми е толку тешко како лани. Пробав. Го дадов мојот последен напор и време е да продолжам напред. Се наоѓам во стадиум каде што се помирив со сите работи во животот.“ - додаде Рој.
Ние му го посакуваме само најдоброто. Здравиот Брендон Рој беше многу забавен да се гледа. Тој беше трикратен Ол-Стар играч и многу е тажно да се гледа како кариерата на еден феноменален играч завршува бидејќи негово сопствено тело го изневерило. Тој треба да ја донесе вистинската одлука за него кога ќе биде спремен, не порано.
0 comments:
Post a Comment