Home » , » Санси се обидуваат да ги доведат Ал Џеферсон и Гордон Хејвард

Санси се обидуваат да ги доведат Ал Џеферсон и Гордон Хејвард

Written By Anonymous on 11.2.13 | 22:46


Според најновите извештаи од Феникс, Санси со сите сили се обидуваат да ги донесат играчите на Јута Џез, Ал Џеферсон и Гордон Хејвард. На тој начин, тимот од Аризона би им се приклучил на Атланта, Бруклин и Орландо како потенцијални најдобри и најактивни тимови на пазарот до истекот на преводниот рок.

Санси сакаат да се “ослободат“ од Џеред Дадли. Тоа беше јасно по што им понудија на Никси замена за Иман Шамперт. Наводно тимот од Њу Јорк не се согласува на таа замена, па така Дадли би можел да биде дел од трејдот со Јута.

Како што пишува “Аризона Републик“, Санси се спремни во замена за “Биг Ал“ и Хејвард да ги дадат незадоволните Гортат и Дадли. За Џеферсон пред неколку дена опасно “загризаа“ Спарси, а сета таа приказна е поради тоа што одличниот центар е слободен играч на крајот на оваа сезона и е многу извесно дека Јута нема да може да го плати.

Во штабот на Јута сакаат да извлечат нешто од играчот кој бележи 17.4 поени и 9.5 скока, додека во Аризона се заинтересирани и за сјајниот “свингмен“, Хејвард кој просечно дава 13.5 поени. Сепак, останува непознато какви се конечните цели на двата тима.

0 comments:

Post a Comment