Home » , » Џамир Нелсон: “Знаеме како да победуваме“

Џамир Нелсон: “Знаеме како да победуваме“

Written By Anonymous on 11.2.13 | 22:52


Плејмејкерот на Орландо Меџик, Џамир Нелсон, но и неговите соиграчите скоро месец дена не го имаа почувствувано вкусот на победата, но вчера успеаа да ги совладаат Блејзерси со резултат од 110-104.

И покрај очајните резултати на тимот од Флорида, плејмејкерот на “Магиџните“ верува дека Орландо знае како да победува.

“Добро е што конечно победивме. Во секој натпревар влегуваме спремни за победиме. И кога играте снажно како што играме ние и кога губиме, тогаш се ви паѓа додатно тешко. Јас би можел да кажам дека не играме доволно снажно. Би го забележал тоа. Меѓутоа, тоа не е случајот. Нашиот тим има победнички менталитет, имаме играчи кој се спремни да победат. Имаме многу играчи кој знаат како е да се победува, се што треба да е да продолжиме да се бориме“,

вели Нелсон. А потоа и додава:

“Ние не грешиме во нашата игра. Кога станува збор за одбраната, играме секогаш пресинг на половина терен. Нашата одбрана е добра. Меѓутоа, не смееме да си дозволиме луксуз да губиме топки по 17, 18 пати на натпревар. На тој начин на противниците им даваме по 20, 30 лесни поени. Тоа ни носи најголема штета.“

Орландо е на третото место од Југоисточната дивизија со учинок од 15-36.



0 comments:

Post a Comment