Home » , » Барбоса ја наследува судбината на Рондо, нема да заигра до крајот на сезоната

Барбоса ја наследува судбината на Рондо, нема да заигра до крајот на сезоната

Written By Unknown on 12.2.13 | 23:14

Бостон Селтикси се мачат со повредите оваа сезона. Последната жртва на таа "заразна болест" во Бостон е нивниот бразилски плејмејкер, Леандро Барбоса. 

Леандро Барбоса ги искина лигаментите на коленото доцна во 3/4 од дуелот против Шарлот Бобкетс, а поради таа повреда ќе мора да го пропушти остатокот на оваа сезона. 

Барбоса е третиот играч кој Селтикси го губат до крајот на сезоната, откако претходно Ражон Рондо го снајде истата повреда, а дебитантот Џеред Салинџер поради повреда во грбот исто така ќе паузира до наредната сезона. 

И после двете повреди на неговите плејмејкери, Дени Ејнџ ќе мора да го разгледа маркетот на слободни играчи, каде што најдобар плејмејкер моментално е Џанеро Парго. Парго беше потпишан претходно од Атланта Хокс на 10-дневен договор, но остана на тоа и Парго не продолжи со тимот од кој веќе два пати се разделува. 

Опција за замена на плејмејкерската позиција е и Д-Лигата, каде што има интересни имиња како Шелвин Мек и Андре Берет и секако, нивниот поранешен пријател Делонте Вест. 

0 comments:

Post a Comment