Home » , » Дерик Роуз: “Нема да се вратам додека не сум 110 проценти спремен“

Дерик Роуз: “Нема да се вратам додека не сум 110 проценти спремен“

Written By Unknown on 12.2.13 | 23:00

Фановите на Чикаго Булс нетрпеливо го очекуваат враќањето на ѕвездата број 1 во нивниот тим и MVP играчот од 2011 година, Дерик Роуз. Но тоа очекување ќе се пролонгира малку повеќе.

И додека сеуште нема точен датум за враќњаето на Д-Роуз, се што треба да направите е да размислите логички и да сфатите дека Роуз би пропуштил и 2 сезони за да заздрави потполно, па тоа значи дека притисокот на медиумите нема да влијае врз одлуката на Роуз за тоа кога ќе се врати на терените. 

“Никогаш не сум поставил точен датум за враќање на терените. Но едно е сигурно, не се враќам додека не сум 110 проценти заздравен. А кога ќе се случи тоа, не знае никој. Може да биде за една недела, може да биде наредната година, може да биде наредниот месец. Може да биде било кој ден, во било кое време. Тоа е тоа, не се враќам додека не сум потполно спремен.“ - изјави Дерик Роуз за „USA Today“.

Како и да е, неговите соиграчи во Чикаго, кои во неговото отсуство играат подобро од очекуваното, нетрпеливо го очекуваат назад на терените. Има надежи дека Роуз би можел да се врати веднаш по Ол-Стар паузата, но тие надежи опаѓаат со оглед на оваа констатација на Роуз.

0 comments:

Post a Comment