Home » , » Џереми Еванс: “Би го победил Леброн на натпреварот во забивање“

Џереми Еванс: “Би го победил Леброн на натпреварот во забивање“

Written By Anonymous on 26.12.12 | 20:20


Крилниот центар на Јута Џез и актуелниот шампион во куцање Џереми Еванс (25) изјави дека ѕвездата на Мајами Хит, Леброн Џејмс нема да учествува во натпреварот бидејќи се плаши дека ќе изгуби.

Леброн изјави дека нема да учествува на “фестивалот на летањето” кое и оваа година ќе се одржи на Ол-Стар. На оваа изјава на Џејмс многу коментираа дека тој би требало да се пријави.

Џереми Еванс изјави дека на “летачкото шоу” би го декласирал Џејмс.

“Сигурен сум дека би го добил Леброн во наптреварот во куцање. Се уште не сум го видел Леброн да прави било какви трикови во воздухот, па дури ни оние кои јас ги изведов. Леброн не учествуваше ниту на еден наптревар , но за победа би му било потребно нешто повеќе од само силата која ја поседува Џејмс.”

Со изјавата на Џереми Еванс се сложи и Џејмс кој призна дека не е играч кој знае да изведува трикови во воздухот.

“Јас не сум тип кој знае да ги изведува  сите тие трикови во наптреварот во атрактивно куцање, затоа Еванс најверојатно е во право. Најверојатно би ме победил, но јас со тоа немам проблем и можам за тоа отворено да зборувам.”

Инаку, на 16 фебруари на Ол – Старот во Хјустон Џереми ќе проба да го одбрани насловот ” најдобар забивувач од минатата сезона”. Тој е уверен дека има шанси да ја одбрани титулата.

0 comments:

Post a Comment