Home » , » Човекот кој сам ги поставуваше границите: Мајкл Џордан

Човекот кој сам ги поставуваше границите: Мајкл Џордан

Written By Anonymous on 17.2.13 | 17:08

Денес, кога ќе се спомне именката кошарка, од седум милјарди луѓе кои моментално постојат на планетата Земја е асосцијација на ликот и делото на Мајкл Џордан. Не постојат коинциденции, ништо не е случајно, и за тоа постои голема причина. Дали сте негов фан или не, стручњаците се согласуваат во едно: тој е најдобар играч на сите времиња...

Не, можеби не постигнал најмногу поени, можеби не ги соборувал рекордите најмлад, но тој е човек кој не само НБА лигата, туку кошарката генерално, ја крена на највисоко нив. Кошаркарскиот Роналдињо, пред самиот Роналдињо...

ОД МАЛИ НОЗЕ ГОЛЕМ ТАЛЕНТ:

Несомнено е дека Џордан остави неибришлива трага во историјата на НБА лигата. И покрај тоа, медиумите една недела пред 17. февруари му одадоја огромно внимание на Џордан, пред 50. роденден. Меѓутоа, на почетокот на кариерата не “мирисаше“ дека еден ден, играјќи под температура ќе го сруши тимот на Јута Џез во финалето од НБА лигата, ништо не покажуваше дека ќе стане играч кој ке го држи рекордот на најмногу поени во плејофот, ниту дека еден ден ќе стане “Хал оф Фејмер“, или ќе даде 43 поени со 40 години.

Џордан беше само капка во океан, еден од децата кои со отворени усти ги гледале натпреварите на НБА лигата и ги следеле своите идоли. Тој 17. февруари 1963. година, негде во Бруклин, се роди четвртотот од петте деца на Џејмс и Долорис Џордан. Приказна која не е баш типична за црните кошаркари, родителите не живееја во светот на наркотиката, ниту имаа проблем со законот или нешто слично. Напротив, неговата мајка беше банкарка, а неговиот татко шеф во локално друштво.

Меѓутоа, Мајкл имаше шанса да го запознае Бруклин и Њу Јорк покасно во својот живот. Набргу по проодувањето, Џорданови се селат во Вилимгтон, Северна Каролина. Како и поголемиот дел од децата во светот, и Мајкл сонуваше еден ден да стане професионален спортист. Тренираше бејзбол, рагби и кошарка. Интересно, за време на неговите настапи во средното школо Емсли, неговите тренери беа убедени дека Мајкл е “најслаб“ во кошарката.

Имено, во младите години Мајкл со својот татко Џејмс често играл бејзбол. Неговата љубов кон овој спорт, го оттргна година дена од кошаркарските терени. Како тинејџер Мајкл репутација стекна како одличен бејзбол играч. Во државата Северна Каролина се зборуваше за талентираниот играч Мајкл Џордан, па дури и беше номиниран за МВП во Бејб Рут лигата по што неговиот тим го освои државното првенство.

Во светот на кошарката, местото на Џордан во средно беше на клупата. Тренерот Клифтон Херинг веруваше дека Мајкл ќе ја подобри својата игра во јуниорскиот тим. Најголем проблем за да Мајкл не игра во првиот состав беше тоа што беше висок “само“ 1.80 метри. Меѓутоа, набрзо порасна, стигна до просек од 25 поени по натпревар, и од тој момент легендата почна да се преплетува со историјата...

“Мојот брат Лери ми помогна многу. Често игравме 1 на 1 и лесно ме победуваше. Меѓутоа, баш на тој кош, учев некои основни финти кој покасни го применував дури и во НБА лигата. Најголемата работа која ја добив од тие дуели со мојот брат е секако желбата за победа. Сонував да станам подобар од него. Ужасно ме нервираше тоа што секогаш победува, не можев да го трпам тоа. Мислам дека баш на тој начин станав кошаркарски војник“,

се присетува Џордан. Фактот дека стана доминантна сила во своето средно школо го примора да оди на многу кошаркарски кампови. На еден од нив, Ем Џеј се запознава со тренерот на Северна Каролина, Дин Смит кој се реши да го земе Мајкл во своите редови. Во ноември 1980. година Мајкл Џордан напиша молба за запишување на универзитетот на Северна Каролина.

УСПЕХ НА КОЛЕЏ:

Како сениор ја предводеше екипата до 19 победи. На почетокот Мајкл беше на клупата, затоа што тимот и играта се вртеа околу Сем Перкинс и Џејмс Ворти, кој подоцна заминаа во НБА лигата. Славата ја стекна во 1982. година во завршницата на НЦАА првенството, во натпреварот против Џорџтаун, каде даде кош за победа, и му ја донесе титулата на тимот. Веќе можеше да се насети каков играч ќе биде Џордан. Следеа подготовките за драфтот...

За драфтот од 1984. година слободно може да се напише книга. Постојат различни теории на стручњаците, што би било ако клубовите одбрале различни играчи, но сите се сложуваат во едно: драфтот од 1984. година е најквалитетен драфт во историјата на лигата. Први бираа Рокетси и го земаат Хаким Олајџуван, кој подоцна им носи две титули, втори се Блејзерси кој го бираат Сем Бови, човекот кој го скршија повредите. Чикаго како што се знае, го одбра Џордан.

И така почна... Но, не одеше се така лесно. Кариерата на Мајкл Џордан беше секогаш испреплетена со борбата за победа. Во првите 6 сезони во НБА лигата, Булси беа само “лесен плен“ за моќните Селтикси и Пистонси. Многу велат дека тогаш се играла друга кошарка и дека пријателството меѓу играчите од различни клубови е пресудно.

Во прилог на тоа оди и следниов податок. Веќе во првата година Џордан поради своите 28.2 поени по натпревар доби повик за “Ол Стар“ натпреварот. Интересно, до ден денес тој е последниот бек кој во руки сезоната стигнал до Ол Стар натпреварот. Баш на тој натпревар, се роди едно големо непријателство помеѓу него и Ајзеа Томас, тогаш еден од најдобрите играчи во НБА лигата. Токму Ајзеа беше иницијатор за саботажата на Ем Џеј на “Ол Старот“ по што постарите НБА кошаркари се договориле да не му ја додаваат топката на Џордан. Така помина првото учество на Мајкл меѓу најголемите ѕвезди.

Во наредните сезони, Булси не успеваа да направат нешто повеќе. Не вредеше ни присуството на Мајкл Џордан, ниту фактот дека се етабилира како човек ко дава важни шутеви. Конкуренцијата беше прејака. Меѓутоа, во 1989. година, на клупата на “Биковите“ седна Фил Џексон. Династијата е направена...

На крајот на сезоната 1993-94, Џордан ја шокираше јавноста дека се пензионира, изјавувајќи дека нема повеќе амбиција да игра кошарка. Многу сметаа дека убиството на неговиот татко е главна причина за пензионирање. После ова Мајкл се реши да го исполни животниот сон, да игра бејзбол. Во 1994. година потпиша за Вајт Сокс од Чикаго. Без Џордан Булси остварија 55 победи, но во плејофот беа поразени од Никси во полуфиналето на Истокот. Многу сметаат дека овој излет на Ем Џеј беше една од најголемите глупости што ги направил во кариерата. Други пак сметаа дека кариерата на Џордан е минато, но...

ВРАЌАЊЕ НА ТЕРЕНИТЕ:

По тоа го видовме најдоброто од Мајкл Џордан. Госпорадот на “фејд-авеј“ шутовите загоспорадари со НБА лигата. Кога САД во 1992. година на ОИ во Барселона настапи со “Дрим Тимот“, Мајкл Џордан доби прилика да му се реваншира на Ајзеа Томас. Имено, селектор беше Чак Дејли, во тоа време тренер на Детроит. Секако, во овој состав Чак Дејли го сакаше Мајкл Џордан кој секогаш беше најдобар играч во лигата. Меѓутоа, Мајкл, имаше свои барања.

Џордан од Дејли бараше да одбере еден од нив, или Џордан или Ајзеа. Тренерот на Детроит се најде во неизбежна ситуација. Мораше да бира помеѓу еден од најдобрите играчи на сите времиња, или тогашниот најдобар играч. Со плејмејкерот беше повеќе од колега, беше добар пријател, но во Барселона отиде Џордан, а САД го освои златото.

“Во текот на својата кариера промашив 9.000 шутеви. Загубив 300 натпревари. Дури 26 пати имав прилика да погодам шут за победа, но не погодив. Во текот на животот имав падови и подеми. Затоа и успеав.“

се извинува Џордан во една позната реклама. И се беше точно. Меѓутоа, и покрај тоа тој постигна 28 поени за победа. Девет од нив се во последната секунда, 25 од тие 28 се во Чикаго, а три во Вашингтон. Тоа значи дека Ем Џеј има повеќе од 50% успешност кога се во прашање шутевите за победа. Статистика која никого не остава рамнодушен. Впрочем, два пати освои во низа по три титули, најдобар тимски скор во историјата на НБА лигата (72-10) кој го запишаа Булси, фактот за “Флу Гејмот“ во петтиот натпревар од финалето на НБА лигата против Јута даде 38 поени со температура од 39.2 степени, го прават митот за овој играч. Што да се рече за 43те поени на 40. години?

Можеби ова следново не изненадува, дека денес, со 50. години, на баскет го победува вториот пик на драфтот Мајкл Кид Гилкрис?

НАЈДОБАР КОГА НАЈМНОГУ ТРЕБА:

Во сите 6 финалиња во кои учествуваше Мајкл Џордан беше прогласен за МВП, пет пати беше најдобар и најкорисен играч на лигата, 14 пати беше на Ол Стар натпреварот, 10 пати е најдобар стрелец на сезона, а еднаш дури и најдобар дефанзивец. Постигна вкупно 32.292 поени, а просечно во текот на блескавата кариера бележи 30.1 поен, 6.2 скока и 5.3 асистенции.

ПРВА ТИТУЛА:

Не беше се мед и млеко за Џордан во НБА лигата. Колку беше јака конкуренцијата со Лејкерси, Пистонси и Селтикси доволно зборува податокот дека Џордан дури во својата 7 сезона во НБА лигата стигна до првата титула. Во сезоната 1990-91 Булси во плејофот ги совладаа Никси, Сиксерси, а во финалето на Истокот конечно падна и Детроит кој минатите три сезони беше непремостива препрека за Чикаго.

Во финалето против Лејкерси, Џордан продолжи да сјае, а финалната серија остана запамтена по познатиот потез на Мајкл кога во лет ја сврте топката од десна на лева рака, за да ја избегне блокадата на Сем Паркинс. Булси ги победија Лејкерси со 4-1, а Мајкл просечно бележеше 31.2 поени, 11.4 асистенции, 6.6 скока и 2.8 украдени топки.

0 comments:

Post a Comment