Имено, стартниот организатор на играта на Клиперси, е уверен дека неговиот тим има доволно квалитет за да се закити со титула, па дури и со овој ростер.
“Не, ако ме прашувате дали ни е потребен Кевин Гарнет, тоа е мојот одговор. Сите знаат колку го сакам овој тим. Ми се допаѓа како играме моментално, трети сме на Западот, имаме одличен скор. Играме сјајна кошарка. Мислам дека не треба засилувања, сите сакам да останеме заедно. Сконцентриран сум на тимот, играме одлчно“,
порача Крис Пол и јавно стави до знаење која е неговата желба:
“Сите знаат дека сакаме да ја освоиме титулата. Посветени сме на тоа, за тоа размислуваме и одиме кон неа. Не би било паметно сега да ја реметиме хемијата во тимот на кој му оди добро. Има уште многу да се игра, плејофот на некој начин е и лутрија, но верувам во успех. Спремни сме да направиме се што е потребно за да стигнеме до прстенот. Тоа ни е единствена цел“,
нагласува Крис Пол кој оваа сезона игра сјајно и постигнува по 16.6 поени и 9.6 асистенции по натпревар.
0 comments:
Post a Comment