Тимот на актуелните шампионит вчера убедлво ги победи Клиперси со резултат од 111-89, а најзаслужен за такво нешто беше токму ова споменато дуо на “жешките“. По натпреварот, Вејд одлучи јавно да го пофали својот соиграч.
“ЛеБрон игра како вонземјанец. Тој не само што е најдобар кошаркар на денешницата, тој не е воопшто од оваа планета. Тој дојде на Земјата. Тој е од некое друго место, од друг свет. Игра феноменално“,
вели Вејд.
ЛеБрон вчера постигна 30 поени со шут од игра 9/11, и ова му е прв пат во неговата кариера да даде 30 поени од само 11 шута од игра, а вкупно ова е само 13. случај во НБА лигата, еден играч да даде 30 поени од само 11 обиди.
“Мислам дека суштината е тоа што играм со многу самодоверба. Драго ми е што гледам дека мојата работа носи резултат. Се трудам да играм како што знам, ништо не правам со сила. Тоа е она што и планирам да го продолжам, да ја играм мојата игра и да не се напорувам во нападот“,
вели Џејмс.
0 comments:
Post a Comment