Сепак, првите прогнози не беа лоши, се спомнуваше одсуство до почетокот на следната сезона. Играчите на Бостон во еден глас велат дека се подобар тим со Рондо, и покрај добрите резултати без главниот играч на тимот. Добри вести за сите навивачи за Селтикси има агентот на овој ол стар играч, кој изјави дека неговиот клиент би можел да се врати порано на паркетот, порано отколку што превиделе докторите.
“Не можам ништо да кажам конечно и дефенитивно, уште е рано за прогнози, но мислиме дека би можел порано да се врати отколку што очекуваме. Сите сме многу оптимистични. Лекарите прво кажаа дека неговите лигаменти се скорс скинати, меѓутоа излезе дека реалната слика е поинаква и дека се само малку оштетени. Тоа се убави вести, но рано е да се зборува уште за било што, сеедно е збор за тешка повреда“,
вели агентот на овој кошаркар.
Она што е извесно е дека Рондо дури наскоро треба да се најде на операција. Според првата дијагноза Ражон би можел да се поздрави со оваа сезона, и да биде спремен дури за следната. И покрај оптимистичната изјава на агентот на овој играч, ГМ на Бостон Дени Ејнџ сеуште смета дека не е реално да се очекува дека ќе се врати оваа сезона на паркетите.
0 comments:
Post a Comment