Home » , » Дурант признава дека мора да замолчи за да престане да добива технички

Дурант признава дека мора да замолчи за да престане да добива технички

Written By Anonymous on 8.2.13 | 13:55


Иако сите го сметаа за мирно момче, сепак годинава Дурант се приклучи кон големиот број на НБА ѕвезди кои постојано негодуваат и се бунат на секоја судиска одлука која не е во нивна корис.

Сето тоа придонесе да е на врвот во лигата по бројот на технички заедно со добро познатото друштво од Кармело Ентони, Мет Барнс, Коби Брајант, Блејк Грифин и ДеМаркус Казнс кои и тоа како се познати по добивањето на технички после приговор кој судиите.

“Едноставно ќе замолчам. Понекогаш толку многу се возбудувам и зборувам за работи и што не треба да ги зборувам. Мора да прекинам на се бунам и да играм кошарка. Што се однесува до техничката која ја добив на минатиот натпревар мислам дека не требаше да ја добијам затоа што отидов само да разговарам со судијата а тој веднаш ми додели техничка. Мислам дека беше поради тоа што веќе доста лесто ги добивам па судиите веќе знаат и очекуваат да се бунам“,

вели Дурант.

0 comments:

Post a Comment