Home » , » Гери Пејтон главен кандидат за влез во Куќата на Славните

Гери Пејтон главен кандидат за влез во Куќата на Славните

Written By Anonymous on 16.2.13 | 18:05


Познатата куќа на познатите го “исфрли“ списокот со финалните кандидати за избор за влез во истата. Финалните кандидати ќе се бираат во петок (22 февруари). Најмногу шанси за влез во куќата на славните има Гери Пејтон, благодарејќи и на 17-годишната кариера во НБА лигата.

Најголема слава Пејтон стекна во редовите на Сиетел Супер Соникс. Пејтон исто така играше за Милвоки Бакс, Л.А Лејкерс и Бостон Селтикс, пред да се одлучи карирета да ја заврши во Мајами Хит, по освојувањето на шампионскиот прстен во 2006. година. Дефанзивецот од прва класа, е 9 пати именуван во првата дефанзивна петторка, а одигра ид 9 Ол Стар натпревари.

Главен конкурент на Пејтон исто така е плејмејкерот кој доминираше во ’90тите години, Тим Хардавеј. Хардавеј играше во Голден Стејт Вориорс и Мајами, а имаше свои епизоди во Далас, Денвер и Индијана пред крајот на својата карирера. Хардавеј ја воведе позицијата “единица“, комбинирајќи ја феноменалната техника со епсплозивниот “crossover“.

Во трката уште се наоѓаат и Мич Ричмонд (6-кратен Ол Стар, руки на годината 1989), Морис Чикс (4-кратен Ол Стар, избран во дефанзивна најдобра петторка), Бернард Кинг (4-кратен Ол Стар, прв стрелец на НБА во 1985). Женски претставник на доделбата на наградите ќе биде Даун Стејли, освојувач на три ОИ златни медалји и 6-кратна учесничка на Ол Старот на ВНБА.

0 comments:

Post a Comment