Вториот пик од драфтот од 2012. година призна дека му било необично тешко што изгубил од еден 50-годишен човек, но од друга страна го тешел фактот дека работи со еден од најдобрите, ако не и најдобриот играч на сите времиња.
“Ми беше тешко. Изгубив. Изгубив од 50-годишен човек...Но, тој е најголемиот играч кој ја играл оваа игра. И сеуште е добар“,
призна во разговорот за “USA Today“ 20-годишниот Кид Гилкрист. Бившиот студент на универзитетот Кентаки додаде дека ниту во еден момент не му попуштал на 30 години постариот шеф.
“Не. Не му попуштав. Мислите дека ако ми е шеф ќе му попуштам? Нема шанси.“
вели рукито на Бобкетс кој во својата прва НБА сезона бележи 9.1 поен и 5.7 скока.
0 comments:
Post a Comment