Home » , » Коби Брајант: “Секогаш му зборувам на ЛеБрон на теренот, а тој не ми возвраќа“

Коби Брајант: “Секогаш му зборувам на ЛеБрон на теренот, а тој не ми возвраќа“

Written By Anonymous on 8.2.13 | 11:56


Ѕвездата на Л.А Лејкерс Коби Брајант смета дека НБА лигата во последните години стана место во кое играчите се дружат меѓусебно, што, икако не му се допаѓа. Тој смета дека младите играчи како ЛеБрон Џејмс треба повеќе да се трудат на теренот.

Последните години во НБА лигата, според многу, се претворија во прав “забавен парк“. Нема повеќе стари ривалитети, не се пресметуваат играчите (освен Мета Ворлд Пис), но во главно тоа е тоа. Играчите кој во текот на сезоната се големи ривали, во текот на летото тренираат заедно, што пред две децении ова беше незамисливо.

Токму тие работи многу му сметаат на Брајант кој играше и во време кога играчите не беа пријатели и кога беше незамисливо најголеми ривали како Џејмс и Дурант денеска, да тренираат и да се дружат надвор од теренот заедно. Токму поради ова Коби, го прозиваше ЛеБрон да биде малку поцврст и некогаш да му прозбори на теренот.

“Не е како што беше порано. Единствени долговечни се Кевин Гарнет и Пол Пирс, тие знаат како беше порано на теренот. По некогаш ке ми прозборат, но сето тоа е глупаво, се знае дека јас сум кралот на треш-зборувањето. Сепак, тие знаат како се прави ова, ние сме приближно на исти години, во исто време дојдовме, па потоа почнавме и да си парираме. Но, во треш-зборувањето не се добри како мене“,

вели Брајант на кој му смета што младите играчи не сакаат да влезат во расправа на теренот за да ја дигнат атмосверата или за да направат голем ривалитет.

“Мислам, не сум јас лик кој сега на секое пцуе по теренот или секогаш провоцира. Но, кога провоцирам, секогаш провоцирам во центарот. Но, денес го нема тоа во НБА лигата, сите се како другари. Сето тоа е поддршано до негде од врвот на НБА лигата, од страната на сојузот, така ги учат од мали нозе. Мене ме учеа дека оние кој не се возат во школскиот бус со мене се непријатели. Сегашните играчи не сакаат да се расправаат“,

огорчен е Брајант кој го повика ЛеБрон нешто да направи и да го врати вербалниот удар, кога следниот пат на паркетот ќе го испровоцира Коби.

“Ете, јас можам да кажам што сакам кај ЛеБрон, но тој и натаму ќе чути. Само се смее, нема намера да одговори. Мислам дека тоа оди генерациски. Кога дојдов во лигата, сите зборуваа, на теренот имаше само прозивки, мислев дека играчите се крв и нож. И навистина беа. Затоа тогаш НБА беше подобра и се играше поцврсто“,

смета Брајант.

0 comments:

Post a Comment