Натпревар со Лејкерси на кој Кеј Џи долго ќе се сеќава гледајќи дека на тој натпревар ја помина границата од 25.000 поени. Крилниот центар на Бостон беше на ниво, даде 15 поени, а за него 6тиот поен го доведе до јубилејот. Рекорд за секоја почит.
“Имавме добар ритам, топката добро се вртеше во нападот, најважно е дека победивме... Што се однесува до овој јубилеј, тој ќе ми биде важен еден ден кога ќе седнам во фотелја со цигара в устата. Верувам дека ќе се сетам. Сепак, приоритет беше победа на Лејкерси и за тоа размислував“,
остана скромен Кеј Џи кој стана 16. кошаркар во историјата на НБА лигата кој дал над 25.000 поени. Во текот на овој меч беше запишан уште еден кош за историја. Имено, руки центарот на Бостон Фаб Мело го даде првиот поен во НБА лигата.
.
0 comments:
Post a Comment