Home » , » Стен Ван Ганди: “ЛеБрон Џејмс е подобар од Мајкл Џордан“

Стен Ван Ганди: “ЛеБрон Џејмс е подобар од Мајкл Џордан“

Written By Anonymous on 14.2.13 | 22:05


За поранешниот тренер на Орландо Меџик не е точо прашањето “Дали ЛеБрон Џејмс може да биде подобар од Џордан?“. За овој кошаркарски тренер единствено постои прашањето “Колку ЛеБрон ќе биде подобар од Џордан?“

Имено, искусниот тренер е уверен дека партиите на ЛеБрон од оваа сезона се на ниво на славните натпревари на Мајкл Џордан, од она негово “златно“ време.

“Можам само да речам дека ЛеБрон Џејмс е подобар играч во моментов од тоа што беше Мајкл Џордан. И тоа многу подобар. За мене, единствено прашање кое може да се постави е тоа колку ЛеБрон ќе биде подобар од Џордан. За мене ЛеБрон е подобар од Џордан.“,

вели некогашниот тренер на Орландо. Овој тренер никогаш не бил срамежлив, секогаш го кажувал тоа што го мисли.

“Од самиот врв во клубот ми беше потврдено дека Двајт сака да си одам. Тоа е вистина“,

вели Ван Ганди. Единствената разлика помеѓу коментарот за Орландо и коментарот за игрите на Ем Џеј и ЛеБрон Џејмс е тоа што на оваа втора изјава е како аналитичар, а за оваа првата како тренер. Значи, Ван Ганди навистина го чувствува тоа што го кажува.

2 comments:

  1. овај Ван Ганди нормален е ??? би требало денес на дрога да е биден така да... не знае што зборува

    ReplyDelete