Home » , , » Пол Џорџ прогласен за најподобрен играч на сезоната

Пол Џорџ прогласен за најподобрен играч на сезоната

Written By Unknown on 23.4.13 | 16:50

Пол Џорџ, кој сезонава за прв пат беше прогласен за Ол-Стар играч, предводејќи ги своите Пејсерси до трет најдобар рекорд во источната конференција и круната во Централната дивизија, е победник на наградата за најподобрен играч во сезоната 2012/13. 

Џорџ се здоби со 311 од можни 1080 гласа, вклучувајќи 52 гласа за негово прво место. Грејвис Васкез заврши втор во трката со вкупно 146 поени (13 за прво место), додека Лери Сендерс заврши на третата позиција со 141 глас (10 за прво место). Играчите беа оценувани по 5 поени за секој глас за прво место. 3 поени за второто место и по 1 поен за третото место.

Џорџ, кој влезе во оваа сезона со просеци од 10.0 поени, 4.7 скока и 2.4 асистенции по натпревар, сезонава постави лични рекорди од 17.4 поени (со што го предводеше својот тим), 7.6 скока. 4.7 асистенции и 1.8 украдени топки по натпревар. Пол Џорџ беше единствениот играч во лигата кој успеа да украде барем 140 топки и да изблокира над 50 шута. 

0 comments:

Post a Comment