Home » , » Рики Рубио во исчекување на својот прв натпревар сезонава

Рики Рубио во исчекување на својот прв натпревар сезонава

Written By Unknown on 15.12.12 | 21:57

И конечно дојде денот кога Рики Рубио повторно ќе заигра за Минесота Тимберволвс, откако тотално заздрави од повредата на коленото што ја заработи минатата пролет.

Оваа вест ја повтрди и тимот, а вечерва Тимберволвс ги пречекуваат Далас Маверикс.

“Возбуден сум што ќе се вратам на терените и тоа директно на домашен терен, пред најдобрите фанови во лигата во Таргет центарот.“ - изјави Рики Рубио.

“По долгиот процес на враќање и заздравување, ова е првиот чекор што ќе го направам сезонава, да се вратам на терените и да им помогнам на соиграчите. Сакам и да им се заблагодарам на сите фанови што ме поддржуваа во последните 9 месеци.“ - додаде Рубио.

Минесота Тимберволвс имаа рекорд од 11-9 моментално, но сепак до сега сезоната беше многу чудна за "волците". Поразите главно доаѓаа поради повредите, бидејќи покрај Рубио, и Кевин Лав го пропушти стартот на сезоната, додека во текот на оваа сезона се повредија и Чејс Бадинџер и Брендон Рој. 

0 comments:

Post a Comment