
Лејкерси не личат на себе, оваа сезона имаат скор од ужасни 10-14, ја прекинаа низата од 4 порази по ред, и денес победија против Вашингтон, а за тимот да продолжи вака “Мамбата“ има победнички рецепт :
“Многу критики за нашите резултати оваа сезона се фрлени на сметка на мене и Гасол. Многу велат дека Двајт не погодува слободни. И океј, сето тоа е точно.. Но она што во овој момент ни е потребно е да се врати оној стариот Ворлд Пис. Секогаш го охрабрувам да игра како што знае и умее. Знам како се однесуваше порано : секогаш ни викаше на сите, беше луд како струја и победувавме.“,
смета Брајант и додава :
“Навистина пукнав. Не може да биде мирен. Мора да биде оној стариот. Во еден момент му реков :“Мета слушај ме, со цело мое искуство кое го имам морам да ги кажам - промени се човеку! Биди оној стариот биди психопат!“ Тоа му го реков. Тоа е магијата која ни недостасува. Знам дека би го размрдал тимот.“,
смета Брајант. Дали е ова глас на еден очајник поради лошите резултати или не е, одлучете сами...


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment