Home » , » ЛеБрон Џејмс до Мајкл Џордан: “Титулите не ја дефинираат големината на играчот“

ЛеБрон Џејмс до Мајкл Џордан: “Титулите не ја дефинираат големината на играчот“

Written By Anonymous on 16.2.13 | 17:46


Во минатите денови вниманието го привлекуваа доминтните игри на ЛеБрон Џејмс, кој изјави дека не размислува многу за тоа кој е најдобар играч на сите времиња.

Своето мислење веднаш во изнесе Меџик Џонсон истакнувајќи дека Мајкл Џордан е многу подобар од ЛеБрон, додека самиот Ем Џеј рече дека подобар од ЛеБрон е Коби Брајант.

Џордан своето мислење го базираше на бројот на титулите велејќи дека “пет е повеќе од еден“, на што Џејмс му рече дека го почитува, но бројот на титулите не е важен, и не го дефинираат играчот.

“Титулите не дефинираат нечија кариера. Да е така, јас би го избрал Бил Расел пред Џордан. Но не сакам. Нема да го изберам Расел пред Џордан. Расел има 11, а Џордан шест. Но јас нема да го направам тоа“,

вели Џејмс. Пред Џордан да го одбере Коби пред ЛеБрон, друга НБА легенда, Меџик Џонсон, вели дека Џордан би го победил 10 од 10 “еден на еден“ ЛеБрон.

“Јас не се обидувам себеси да се дефинирам на тоа како мислат луѓето. Тоа не ми е јасно. Јас играм за мојата фамилија, моите соиграчи, тренери, навивачи и тоа е тоа. Мојата инспирација е играта. Никој не ми е потребен да ме бира или не“,

вели Џејмс кој повторно се сврте на теоријата на Џордан:

“Чад Бечлер (играше со Џордан кон крајот на ’90тите) има неколку титули. Чарлс Баркли нема ниту една. Бечлер не е подобар од Баркли. Патрик Јуинг е еден од најдобрите играчи на сите времиња. Реџи Милер е исто така еден од најдобрите. Понекогаш ситуацијата е таква, тимот во кој играш е таков, моментот е лош, и не освојуваш титули“,

заклучи Џејмс кој во овие 10 години во НБА лигата освои само една титула, онаа од минатата година.

0 comments:

Post a Comment