Home » , » Џејсон Ричардсон надвор од паркетот до крајот на сезоната поради повреда на коленото

Џејсон Ричардсон надвор од паркетот до крајот на сезоната поради повреда на коленото

Written By Anonymous on 8.2.13 | 13:50

Битката за 8-мата позиција во Источната Конференција најверојатно ќе ја добие оној кој ќе има најздрав тим. Иако досега највеќе загуби Бостон, Филаделфија веќе го престигна на врвот несреќните тимот од Масачусетс.

По повредата и отсуството на Тадеус Јанг (три недели) и Ендрју Бајнам (сеуште непознато до кога), Џејсон Ричардсон им се придружи со уште потешка повреда, на коленото. Иако со Ричардсон во тимот, Филаделфија бележи скор од 4 победи и 3 порази, сепак на тимот му се потребни здрави и спремни играчи кои даваат се од себе.

Тој бележеше 10.5 поени по меч оваа сезона, со 40 проценти прецизност од поле и 34 проценти од линијата за три, но се очекуваше да се прилагоди на системот и тактиката на тимот и оваа статистика да се зголеми.

Со своите 32 години и досегашните одлични игри, веројатно тоа е најдоброто што можеше да ни го пружи можеби најпотценуваниот забивач некогаш. Ричардсон еволуираше од забивач во смртоносен шутер низ годините, но во оваа сезона тој ја изгуби прецизноста, а атлетицизмот веќе одамна го напушти. Затоа оваа сезона тој само се мачеше за да придонесе нешто за Сиксерс.

Иако операцијата на неговото лево колено е тешка пауза за Ричардсон, сепак тешко е да се поверува дека овој играч завршил со професионален баскет.

Тој смени неколку различни опкружувања и системи на игри и покажа дека е способен да се адаптира на истите. Ние му посакуваме побрзо и поздраво опоравување и да се надеваме дека во иднина од време, на време ќе не изненади со некое атрактивно забивање.

0 comments:

Post a Comment