Home » , » Кенјон Мартин потпиша уште еден 10 - дневен договор со Никси

Кенјон Мартин потпиша уште еден 10 - дневен договор со Никси

Written By Anonymous on 3.3.13 | 22:06



Тимот на Њу Јорк Никс потпиша нов, десетдневен договор со Кенјон Мартин, изјави Мајк Вудсон. ГМ на Никс, Глен Грунвалд, се надева дека Мартин ќе остане во Никси до крајот на сезоната.

Мартин не го одигра натпреварот во петокот против Визардс, поради одлука на тренерот. За 7 дена, колку што помина во тимот од Њу Јорк, одигра само 5 минути и не се истакна во ниту еден статистички параметар.

Мајк Вудсон има план да го задржи ветеранот до крајот на сезоната, освен ако истиот не се повреди пред потпишувањето на сталниот договор.

Никси со Мартин потпишаа првенствено за да се замени повредениот Рашид Валас, кој ја пропушта сезоната поради повреда на стапалото.

0 comments:

Post a Comment