Поранешниот играч на Хјустон кој на почетокот на сезоната стигна во таборот на Тандер во трејдот на Џејмс Харден веќе неколку пати оваа сезона изјавуваше дека сака да остане во тимот.
Ако им се верува на изворите блиски од клубот, изгледа дека ќе се случи нешто од тоа што го зборуваше Мартин. Имено, челниците на “Громовите“ веќе сега спремаат понуда која на лето би требало да биде доволно добра и да го задржи Мартин во тимот.
Меѓутоа, поради строгата политика и промената на границата на “салари кепот“ која на сила ќе стапи од следната сезона, јасно е дека челниците на Тандер нема да бидат многу “дарежливи“. Токму недостатокот на пари е главната причина поради која Џејмс Харден е трејдуван.
Искусниот Кевин Мартин оваа сезона заработува нешто повеќе од 12 милиони долари и сигурно дека ќе сака во кариерата да заработи уште некоја пара. Дали понудата на Тандер ќе биде доволно јака за да го задржи во тимот, ќе покаже времето. Мартин игра солидна сезона, на теренот поминува околу 29 минути и просечно постигнува 14.6 поени со 2.3 скока.
0 comments:
Post a Comment