Home » , » Мемфис се одрече од Руди Геј и го прати во Торонто

Мемфис се одрече од Руди Геј и го прати во Торонто

Written By Anonymous on 31.1.13 | 13:52

Во големиот трејд кој се случи вчера во кој учествуваа три клуба, досегашниот прв стрелец на Мемфис Гризлис Руди Геј (26) заврши во Торонто Репторс.

За да го добијат сјајниот крилен кошаркар, кој со репрезентацијата на САД го освои златото на СП во Турција пред три години, Репторси се откажаа од 31 - годишниот Жозе Калдерон и 21 - годишниот Ед Дејвис.

Мемфис Калдерон веднаш го прати во Пистонс кој во спротивна насока го пратија 32-годишниот Тајшан Принц, како и крилото Аустин Деј. Да споменеме, дека освен првата ѕвезда на овој трејд, Торонто од Мемфис го доби и иранскиот центар Хамед Хадади.

Геј оваа сезона е на просек од 17.2 поени и 5.9 скока, и помалку претставува изненадување што Мемфис се одрече од него, посебно во ситуација кога тимот е на 4. место на Западот. Но Геј, минатата година потпиша 5-годишен договор вреден 82 милиони долари, па се претпоставува дека Гризлиси сакале да направат финансиски просор за засилувања за предстојното лето.

0 comments:

Post a Comment