Home » , » Се повреди Коби Брајант

Се повреди Коби Брајант

Written By Anonymous on 14.3.13 | 10:28

Бекот на Л.А Лејкерс, Коби Брајант доживеа непријатна повреда во последните моменти од вчерашниот натпревар игран во Атланта. При резултат од 94-92 за домаќините, топката беше во рацете на Коби, кој броба со уште еден “клач“ шут да му обезбеди продолжение на својот тим.

Сепак, таа акција заврши за него на најлош можен начин при што Брајант заработи непријатна повреда. Тој промаши скок шут и во доскокот згазна на ногата на Данте Џонс и го повреди скочниот зглоб. Лејкерси беа поразени со 96-92, додека нивниот суперстар го напушти натпреварот со големи болки.

Првите прегледи и докторите велат дека повредата не е сериозна, но од Лејкерси изјавија дека нивниот играч ќе биде надвор од терените неколку бена. Брајант натпреварот го заврши со 31 поени од што 20 во 3/4 од натпреварот кога се намалуваше високата предност на Хокси.

На “Езерџиите“ им одеше во прилог поразот на Јута со кои Лејкерси се борат за 8. место на Западот, но сепак тешко дека Лејкерси ќе можат да останат во таа борба доколку Брајант нема да биде способен да игра во следните натпревари. Сепак, познато е дека тој е голем борец, и дека безброј пати играл со потешки или полесни повреди.

Л.А Лејкерси сега патуваат во Индијанаполис каде во петок играат против Пејсерси. Таму ќе се објават додатните прегледи и ќе се дознае во каква состојба е првиот човек од Лејкерси.

0 comments:

Post a Comment