Home » , » Крис Рајт - првиот играч во историјата на НБА лигата кој игра и покрај борбата со тешка и неизлечива болест

Крис Рајт - првиот играч во историјата на НБА лигата кој игра и покрај борбата со тешка и неизлечива болест

Written By Anonymous on 14.3.13 | 21:25

Младиот 23-годишниот плејмејкер на Далас Маверикс, пати од склероза, болест која го напаѓа централниот нервен систем и нервната ќелија.

За секој кошаркар играњето во НБА лигата претставува остварување на сите соништа, но сепак, тоа е привилегија на кој ретко му се пружи. Бидејќи, за настап во најјаката кошаркарска лига во светот играчот мора да биде максимално физички спремен, здрав, пред се талентиран и способен... За Крис Рајт, новиот соиграч на Дирк Новицки во Далас Маверикс цел живот му се промени во еден момент. Рајт неодамна потпиша договор со Далас, кој стигна како замена за Доминик Џонс, кој на 9. март беше отпуштен.

Меѓутоа, оваа вест сигурно не беше толку посебна за 23-годишниот играч кој ќе влезе во историјата на НБА лигата. Имено, новиот организатор на Маверикс, пати од неизлечива болест, склероза, која го напаѓа нервниот систем и ја уништува нервната келија. Рајт првобитно доби договор на 10 дена, каде ќе има шанса да се покаже во добра смисла на новиот тренер и соиграчите, а без обзир на се, младиот Американец е првиот кошаркар кој ќе настапува со неизлечива болест.

Во март 2012. Рајт настапуваше во Турција за Олин Едрине кога му беше откриена оваа тешка неизлечива болест, меѓутоа, ГМ на Маверикс Дони Нелсон не се сомнева во талентот на овој плејмејкер.

Од друга страна, кога дозна Рајт за ова, не падна во очај туку продолжи да тренира, а сега го оствари својот детски сон.

“Докторите ми кажаа дека времето ми истече, и дека време е да се простам од кошаркарската кариера. Меѓутоа, јас не губам надеж, тренирам, работа и се трудам да успеам“,

вели храбриот Американец.

Со обзир на тоа дека оваа болест е неизлечива, а дека само една третина од луѓето со оваа болест водат сосема нормален живот, се надеваме дека Рајт нема да има проблеми во понатамошната кариера.

0 comments:

Post a Comment