Home » , » Барњани ја завршува сезоната

Барњани ја завршува сезоната

Written By Anonymous on 13.3.13 | 23:24


Тимот на Торонто Репторс до крајот на оваа сезона ќе настапуваат без својот стартен крилен центар, Андреа Барњани (27). Поранешниот прв пик од еден од минатите драфтови го повреди лактот и нема да биде во состојба да се опорави пред крајот на сезоната.

Тимот на Торонто не игра оваа сезона како што очекуваа челниците. Моментално Канаѓаните имаат скор од само 25 победи со дури 39 порази. Како што стојат работите, подобри денови во Ер Канада Центарот нема да дојдат наскоро.

Имено, клубот денес соопшти дека до крајот на тековната сезона нема да можат да сметаат на својот стартен крилен центар, Андреа Барњани, кој го повреди лактот. Ова е втор пат оваа сезона Италјанецот да отсуствува од терените поради повреда. Имено, минатата година во декември ја заработи истата повреда.

Како што стојат работите, клубот најверојатно ќе се обиде да го трејдува овој играч во текот на претстојтното лето. Италјанецот оваа сезона бележи “мизерни“ 12.3 поени и 3.6 скока.

0 comments:

Post a Comment