Home » , » Џонс: “Многу го почитувам Коби, не го направив ова намерно“

Џонс: “Многу го почитувам Коби, не го направив ова намерно“

Written By Anonymous on 14.3.13 | 21:42


dahntay-jones
Само на 3 секунди до крајот на натпреварот помеѓу Атланта и Л.А Лејкерси, во кој славеа Хокси со 96-92, се повреди најдобриот играч на Лејкерси, Коби Брајант, и веројатно му предстои долга пауза од кошарката.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња го повреди левиот глужд, кога при обид да го одведе натпреварот во продолжение незгодно доскокна на ногата на Данте Џонс. Брајант по натпреварот буквално го накриви ЏОнс за се, и беше фрустриран од фактот дека ниеден од судиите не видел како, по негово мислење, Џонс му ја поставил ногата.

По натпреварот Брајант во крајни мерки, како што рековме, го накриви Џонс, бидејќи ја ставил ногата под него, додека Коби бил во воздух. Брајант без никакви дилеми рече дека ќе мора, за жал да чека година дена за одмазда, додека и многу брзо му одговори Џонс со свое мислење.

“Многу го почитувам Коби Брајант и нема ни збор дека го направив ова намерно. Жал ми е, навистина сум тажен поради се што се случи. Никогаш не би повредил противнички играч и снимката не лаже, се покажува дека го истегнал глуждот кога падна на паркетот. Доста е веќе“,

рече Џонс.

0 comments:

Post a Comment