Home » , » Марк Кјубан: “Најт и Тери заслужуваат награда“

Марк Кјубан: “Најт и Тери заслужуваат награда“

Written By Anonymous on 21.3.13 | 19:00


Сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кјубан, во последната изјава што ја даде се сврте кон актуелните случувања во НБА лигата, и жестоко ја обвини кошаркарската јавност, поради тоа што се “зафркава“ на сметката на Брендон Најт и Џејсон Тери.

И птиците на гранките знаат дека веќе овие два играчи беа “жртви“ на две многу слични забивања од страна на ДеАндре Џордан и ЛеБрон Џејмс. Бековите на Детроит и Бостон станаа неславен начин на две потенцијални забивања на годината, но сепак и покрај тоа играа коректна одбрана и не се тргнаа пред противничките играчи.

Кјубан истакна дека не му се допаѓа реакцијата на јавноста, посебно не на друштвените мрежи “Facebook“ и “Twitter“ каде владее еуфорија и каде се исмејуваат играчите кои само ја работеа својата работа. Според неговото мислење не само што не заслужија понижување, туку заслужија награда за жртвување.

“Јас мислам дека играчите со голем проблем во главата се грижат за тоа дали се на нечиј постер или не. Вистинските играчи немаат проблем со тоа, на крајот на краиштата сето тоа е дел од играта. Во оваа можност им додавам големо признание на Брендон Најт и Џејсон Тери. Ја работеа својата работа и не им беше гајле за реакциите на Твитер. Такви играчи сакате да имате во својот тим. Јас за тоа им давам награди за жртвување, заслужија“,

рече Кјубан.

0 comments:

Post a Comment