Home » , » Џорџ Карл: “Созреавме откако го трејдувавме Кармело Ентони“

Џорџ Карл: “Созреавме откако го трејдувавме Кармело Ентони“

Written By Anonymous on 21.3.13 | 18:53


Шефот на стручниот штаб на Денвер Нагетс, Џорџ Карл смета дека управата на тој клуб направи вистински потез со трејдот на Кармело Ентони пред две сезони. Тој е уверен дека тимот на Нагетси има светла иднина.

Кога Денвер пред две сезони остана без Кармело Ентони, многу помислија дека франшизата од Колорадо нема со години да се опорави од заминувањето на најдобриот играч. Меѓутоа, само две сезони покасно, Нагетси, според прогнозите на бројни аналитичари, меѓу краткиот список на конкуренти за титулата.

Покрај тоа, нивните игри во последно време го докажуваат тоа. Тимот од планинскиот дел на Колорадо спектакуларно игра во последно време, а со Мајами во своите раце држат една голема низа, и во последните 13 натпревари го немат вкусено поразот.

За тренерот на тимот од Пепси Центарот ваквите резултати не се изненадување, но Џорџ Карл е помалку изненаден со брзината со која Денвер остана на нозе по заминвуањето на Мело во таборот на Никси.

“Сигурно е дека сметам дека брзо се разигравме по заминувањето на Мело во Њу Јорк. Сега сме конкуренти за титулата. Само, таа брзина ме изненади. Од тимот кој играше со Карлмело, има само еден играч. А еве, во февруари навршија две години од неговото заминување. По тоа замина Нене, кој со Кармело, беше лидер на тимот. Меѓутоа, на сите им е јасно дека ова е вистински потез“,

искрен е Џорџ Карл. А резултатите на овој тим велат дека тој е во право. Имено, Нагетси имаат скор од 47-22, и моментално се 5. на Западот со ист скор како и Клиперси, додека Гризлиси се пред нив, благодарејќи на поразот помалку.

“Луѓето мора да бидат свесни колку брзо застанавме на нозе и направивме одлични резултати. Две сезони откако Мело замина, чекајте, не се ни полни две. Минатата година беше скратена поради лок-аутот, значи тимот одигра 100 натпревари заедно. Максимум. Со заминувањето на нашите поранешни стартери, се отвори можност за младите играчи. А шансата ја искористија Кофус, Мозгов и Фарид. Сите тројца имаат значење повеќе од Бирдмен кога беше во тимот“,

ја анализа ситуацијата Џорџ Карл. Тој смета дека најважно е неговите играчи да останат сконцентрирани до крајот на сезоната.

“Тимот после сите овие трејдови созреа. Сега се што треба да направат, е да бидат сконцентрирани до крајот. Моите играчи уште во минатата сезона покажаа дека можат да се носат со големи и водечки тимови. Оваа година покажаа дека тоа можат да го прават од вечер до вечер. Исто така имаме и одлична клупа. Играчите се свесни дека ако се опуштат, јас нема да имам проблем да ги заменам со други. Гало знае дека во секој момент Чендлер може да биде стартер. Кофус знае дека МекГи и Тимофеј можат да бидат стартери. Милер и Лоусон се плејмејкери кои од меч во меч можат да асистираат по 10 пати“,

објасни Џорџ Карл.

0 comments:

Post a Comment