Home » , » Мајк ДиАнтони: “Коби се враќа во петок“

Мајк ДиАнтони: “Коби се враќа во петок“

Written By Anonymous on 20.3.13 | 22:20



Како што стојат работите, повредениот Ол Стар бек на Лејкерси, Коби Брајант би можел да се најде во ротацијата на својот тим во петок кога “Езерџиите“ ќе играат против Визардси.

Искусниот Коби Брајант попушти три натпревари по ред поради повреда на глуждот. Два натпревари од тие три “Езерџиите“ ги решија во своја корист, а еден загубија и тоа убедливо, од Санси. Според зборовите на тренерот на Л.А Лејкерс, Мајк ДиАнтони, суперѕвездата на тој тим, Коби Брајант најверојатно ќе игра против Вашингтон.

“Познавајќи го Коби, тој сигурно не ќе сака да пропушти уште еден натпревар. Ногата му е подобро, и верувам дека ќе игра против Вашингтон“,

вели ДиАнтони и додаде дека играчот на Лејкерси ќе остане на листата на повредени играчи. Коби Брајант се повреди во шанса да постигне поен за продолжение против Хокси. По тоа проба да игра против Пејсерс, но одигра само 12 минути и не постигна ниту еден поен.

Бекот на Лејкерси оваа сезона е прв стрелец на својот тим и трети стрелец во НБА лигата со 27.1 поени, 5.4 скока и 5.8 асистенции по натпревар. Тимот на Л.А Лејкерс моментално е на 8. место на Западот со рекорд 36-33.

0 comments:

Post a Comment