Home » , » Лав сеуште нема дозвола за враќање на терените

Лав сеуште нема дозвола за враќање на терените

Written By Anonymous on 14.3.13 | 21:35


Најдобриот кошаркар на Минеоста Тимбервулвс, Кевин Лав сеуште не добил дозвола од лекарите кои му ја оперираа скршената рака да се врати на теренот.

Крилниот кошаркар од тимот од Минеаополис првобитно требаше да му се приклучи на тимот на почетокот на март, но после најновите прегледи се дознава дека потполното заздравување треба да трае уште 2-3 недели.

Лав оваа сезона одигра само 18 натпревари во НБА лигата, и во тие просечно бележеше 18.3 поени со 14.0 скока.

Минесота и оваа сезона нема да учествува во плејофот, со обзир на тоа дека моментално се на скор од 22 победи и 40 порази.

0 comments:

Post a Comment