Home » , » Мајк ДиАнтони: “Смешно е да се каже дека Лејкерси можат до титулата“

Мајк ДиАнтони: “Смешно е да се каже дека Лејкерси можат до титулата“

Written By Anonymous on 24.3.13 | 14:47


После дебаклот во Феникс и поразот од 99-76, Л.А Лејкерси доживеаа нов пораз. По што водеа со +18 разлика во првото полувреме, играчите на Мајк ДиАнтони загубија дома од тим од долниот дел од Истокот. Имено станува збор за Вашингтон Визардс кој славеа со 103-100 среде Стејплс Центарот. Се тоа се поклопи со враќањето на Гасол и Брајант.

“Моментално се правиме за да се избламираме. Имам чувство дека никој од моите играчи не го сфаќа сериозно значењето на секој посед на топка, играта во одбрана, во напад... За да може да се направи добар кошаркарски тим, постојат некои стандарди кои морат да го задоволат тимот. Не знам како да им го објаснам фактот дека секогаш кога треба да го скршиме противникот, тие се губат. Тргнуваат на некоја себична игра, еден на пет, одбраната делува опуштено, како да ја нема. Најлошо од се е што топката престанува да кружи. Кога ќе ги предизвикаш кошаркарските богови, тие ке те средат“,

беснееше тренерот ДиАнтони, а по тоа од мака ги исмејуваше и шансите за титулата на сопствената екипа.

“По се што гледам кога ќе се собереме на тајмаут викаме: Шампиони! Тоа е многу смешно. Ние шампиони? Мора да се шегувате. Доколку одредени работи не смениме, нема да влеземе ниту во плејофот. Ако сепак со некое чудо се пласираме таму, некој ќе не умишти. Играчите од сериозни тимови сериозно ја сфаќаат играта во одбрана. Без тоа, нема напред“,

додаде шефот на струката на тимот кој имаше среќе во последно време конкурентите за 8. место на Западот да бидат неколку пати поразени, па така да се искачат Лејкерси на 8. место. Најсериозниот ривал на Лејкерси, Јута Џез загуби 8 од последните 10 натпревари.

“Секогаш ми доаѓа мислата дека моите играчи пред или потоа ќе ја сфатат пораката што им ја кажувам, но не. Се однесуваат како да сме веќе во плејофот, а уствари ние сме само на 1 натпревар пред Јута. Тоа неописливо ме фрустрира“,

заврши Мајк ДиАнтони.



1 comments:

  1. Da zemet pojak trener od tebe pa kje vidish dali ne mozhet...

    ReplyDelete