Home » , » Џејсон Тери до Мајами: “Ве чекаме во плејофот!“

Џејсон Тери до Мајами: “Ве чекаме во плејофот!“

Written By Anonymous on 24.3.13 | 15:01


Бекот на Бостон Селтикс, Џејсон Тери нема намера да го заврши својот дуел со Мајами. Имено, овој човек, по изјавата дека не е импресиониран од низата на Мајами, им порача на шампионите од Флорида дека зелените се наошртени на плејофот и дека едвај ја чекаат средбата со тимот од “Саут Бич“.

Токму изјавата на Тери дека не е импресиониран од низата на Мајами, доведе до реакција на ЛеБрон Џејмс. Имено, крилниот играч на Мајами на мечот против Бостон заби над Џет, а потоа изјави дека уживал во тоа.

Токму ова забивање беше причина што некој од навивачите на Мајами се нашали со Џејсон Тери на Википедија дека “Тери починал од тоа забивање“. Сето ова што се случуваше додатно го мотивираше Џејсон Тери да додаде улје на огнот.

“Ќе ви речам сега: едвај чекам да се сретнеме со Мајами во плејофот. Сите знаат дека патот до титулата води низ плејофот. Напалени сме и максимално ја чекаме таа средна. Би сакал да ги видам како ќе играат со нас“,

рече Тери кој очигледно има нешто да си докаже и себе си. Тери е свесен дека сепак еден од овие тимови може да потфрли на крајот во плејофот и да не дојде до овој дуел.

“Во една точка, свесни сме дека не можеме однапред ништо да гарантираме, но реално е да дојде до дуел помеѓу Мајами и Бостон. А тогаш тие треба да знаат дега ќе направиме да се чувствуваат пеколно“,

порача Тери кој објаснува дека “нема ништо против ЛеБрон Џејмс“, туку дека во оваа војна војува со целокупната франшиза на Мајами поради победата во 2006. година во финалето над Далас.

“Не ми смета мене ЛеБрон. Не ги сакам Мајами, или како и да ги викаат, некако црно-црвени. Ми се чини дека ја мразам таа комбинација од бои. Се нешто ќе ме потсети на финалето од 2006. година. Мене не ме интересира кој го носи дресот на Мајами. Ги водевме 2-0, но загубивме. Значи, сета оваа ситуација е многу поголема од дуелот помеѓу мене и ЛеБрон. Тој само ја одбра страната и се одлучи да се вплетка во ова. Тој одлучи да игра за Мајами“,

објаснува Џет и продолжува:

“Го доведоја ЛеБрон за да освојат титула, но во финалето во 2011. година не можеа да ја завршат работата. Се надевам дека ќе имам можност оваа сезона уште еднаш да се сретнам со Мајами во финалето на Истокот или каде било. Да ви кажам искрено, ми се допаѓа нашиот тим. Ми се допаѓа како е составен тимот. Да, ни недостасуваат Рондо и Салинџер, но со овој тим и овие играчи имаме шанси со нив“,

завршува Тери.

0 comments:

Post a Comment