Home » , » ЛеБрон Џејмс: “Не зависиме од еден играч, Мајами е одличен тим“

ЛеБрон Џејмс: “Не зависиме од еден играч, Мајами е одличен тим“

Written By Anonymous on 25.3.13 | 14:26

Тимот на Мајами вчера ги декласира Бобкетси со резултат од 109-77. Свое шоу имаше и ЛеБрон Џејмс на кој му недостасуваа само 2 скока за да забележи нов трипл-дабл учинок...

Машинеријата на Ерик Сполстра нема милост. Мајами сериозно го напаѓа рекордот на Лејкерси од 33 последователни победи по ред од 1972. година. Пред се, играчите на Бобкетси не знаеа на кој начин да го разочараат ЛеБрон Џејмс.

Крилниот играч на домаќините, правеше се што сакаше. На крајот мечот го заврши со 32 поени, 10 асистенци и 8 скока. Џејмс во повеќе наврати ја забиваше топката во обрачот, а едно од неговите атрактивни “куцања“ демонстрираше на почетокот од 3/4.

По што ја украде топката, соло контрата ја заврши самиот Џејмс кој заби зад грбот. Беше толку доминантен што во  текот на мечот погоди 11 пати од само 14 обиди.

“Овој тим е направен добро. Мајами ги нема само првите пет играчи. Имаме одлични ветерани, млади играчи од клупата и сите се спремни во секој момент да изиграат добро. Иако Вејд не играше вечерва, немавме време за грижи. Размислувавме во стилот: ’Океј не игра, ќе најдеме некој кој ќе го замени’.“

објаснува ЛеБрон Џејмс.

0 comments:

Post a Comment