Home » , » Руди Геј би можел да го пропушти и остатокот од сезоната

Руди Геј би можел да го пропушти и остатокот од сезоната

Written By Unknown on 24.3.13 | 17:54

Руди Геј не играше против Њу Јорк Никс синоќа поради повреда грбот, а неговото отсуство значително се забележа во поразот на Репторс во МСГ од 84-110.

Откако игра за Рапторс, ова е трет пат тој да пропушти натпревар, па со оглед на ситуацијата во Торонто (9 натпревари во негатива од осмата позиција на истокот и уште 12 натпревари преостанати во сезоната), Руди Геј би можел да го пропушти остатокот на сезоната.

Тоа всушност би бил најпаметен потег за Торонто. Наместо да го форсираат да игра со повреда нивниот најдобар играч, можат да му дадат простор и време да заздрави и да бидат сигурни дека ќе биде спремен за наредната сезона, бидејќи плејофот оваа година е само теорија за Репторс.

Руди Геј бележи 19.6 поени, 6.3 скока и 2.8 асистенции по натпревари за Торонто, откако премина преку трејдот од Мемфис Гризлис пред еден месец. 

0 comments:

Post a Comment