Сигурно го знаете Еј-Си Грин, така? Крилниот центар од генерацијата на Меџик Џонсон во "Showtime" Лејкерс, кој собра неколку прстени како еден од подобрите епизодни играчи во тоа време. Или пак можеби го знаете како играчот кој одигра неверојатни 1192 последователни натпреари...
Како и да е, Грин е сопственик на три шампионски прстени во НБА лигата... или пак, беше сопственик. Неговите три прстени се украдени од неговиот дом во Лос Анџелес!
Секој од трите прстени, облиен со дијаманти и со неговото име на нив, има вреност од околу 25.000 долари.
“Без разлика колку чинат, тие за него се бесценети. Но, сепак тие вредат многу пари и сигурно ќе се најдат во нечија дијамантска колекција.“ - изјави главниот офицер во Лос Анџелес, Стив Барбер.
Еј-Си Грин беше член на шампионските тимови на Лејкерс од 1987, 1988 и 2000 година.
0 comments:
Post a Comment