Искусниот крилен центар на Њу Јорк Никс, Кенјон Мартин (35) изјави дека би сакал и следната година да остане во ист тим. Тој изрази надеж дека управата на клубот ќе му понуди нов договор во текот на летото.
Првата половина од сезоната првиот пик од 2000. година Кенјон Мартин се обидуваше да пронајде нов тим. Причина за тоа е фактот дека ветеранот или заборавил да игра кошарка, во главно франшизите во кои играл овој играч се скептични кон Мартин поради гласините дека носи многу лоша атмосфера во тимот.
“Би сакал да останам во Њу Јорк. Не сакам да играм во некој друг тим. Сакам, по секоја цена, да се докажам во овој тим. Сакам да се однесувам добро пред јавноста и нормално на теренот. Мислам дека тие го гледаат тоа и им е јасно. Овде сум и сакам на најдобар можен начин да ја искористам оваа шанса“,
вели Кенјон Мартин кој има договор со траење до крајот на сезонава.
0 comments:
Post a Comment