Home » , » Роуз сепак не се враќа оваа сезона?

Роуз сепак не се враќа оваа сезона?

Written By Anonymous on 13.3.13 | 23:10

Дерик Роуз, најдобриот играч на Чикаго Булс, сепак нема да заигра оваа сезона, барем според информациите на американските медиуми. 

Плејмејкерот на “Биковите“ и своевремено член на американската репрезентација, ги оперираше лигаментите на коленото пред 10 месеци и сите во тимот со нетрпение го очекуваат неговото враќање. Иако многу најавуваа дека Роуз до крајот на сезоната ќе се врати на теренот, тоа за сега, не е реално.

“Чекам. Немам друг избор. Не чувствувам никаков притисок затоа што знам дека најважно од се ми е во потполност да заздравам. Моите соиграчи играат одлично, играме добро и верувам дека во плејофот можеме многу“,

вели Дерик Роуз.

Чикаго Булси моментално се наоѓаат на 5. место на Истокот со скор од 35-28.

0 comments:

Post a Comment