Home » , » Џејмс и Брајант играчи на месецот во НБА лигата

Џејмс и Брајант играчи на месецот во НБА лигата

Written By Anonymous on 2.3.13 | 19:10


Коби Брајант од Л.А Лејкерси и ЛеБрон Џејмс од Мајами Хит се прогласени за најдобри кошаркари за изминатиот месец (февруари) во НБА лигата.

Џејмс до четвртото признание по ред за избор на играч на месецот на Истокот стигна предводејќи го Мајами до 12 победи во 13 натпревари, што вклучува и низа од 12 победи по ред. Во тој период ја предводеше лигата по бројот на дадени поени (29.7 по наптревар) со 64% шут од игра, како и 7.8 асистенции, 7.5 скока и 1.8 украдени топки.

Џејмс даваше најмалку 30 поени и шутираше барем со 60% успешност од игра во последните 6 натпревари.

Брајант ептитетот за најдобар играч на Западната конференција го понесе предводејќи ги Лејкерси до скор од 9-4, со просек од 23.9 поени, 6.6 асистенции и 6.7 скока. Во три натпревари Браајнт даваше најмалку 30 поени, а вкупно сезонава тоа му успеа дури 24 пати.

Можеме да напоменеме исто така дека за најдобри руки играчи на изминатиот месец се прогласени Дион Вејтрес од Кливленд Кавалирс и Демиан Лилард (како и ЛеБрон, четврт пат оваа сезона) од Портланд. Наградата за најдобри тренери на месецот ја понесоја Лионел Холинс од Мемфис и Ерик Сполстра од Мајами.

0 comments:

Post a Comment