Home » , » Меџик Џонсон нуди милиони долари за ЛеБрон Џејмс да се натпреварува во натпреварот во забивања

Меџик Џонсон нуди милиони долари за ЛеБрон Џејмс да се натпреварува во натпреварот во забивања

Written By Anonymous on 2.3.13 | 19:18


Меџик Џонсон му понуди на најдобриот кошаркар на денешницата ЛеБрон Џејмс милион причини за да размисли дали ќе се натпреварува во забивањата следната година на Ол Стар викендот во Њу Орлеанс.

Иконата на Л.А Лејкерс во петокот во текот на ЕСПН емисијата во пресрет на натпреварот Мајами-Мемфис, изјави дека е спремна да му плати милион долари на Џејмс за да се натпреварува, и милиони долари за тој кој ќе успее да го победи.

Џејмс одсекогаш одбиваше да оди на ова такмичење, но од неодамна ги забавува гледачите пред натпреварите на Мајами со снажни забивања, па го крена интересот за луѓето да го видат на Ол Старот.

“Те молам ЛеБрон, пријави се за натпреварот во забивање. Јас ќе дадам милион долари, милион долари за ЛеБрон. Те молам биди во тоа такмичење, натпреварувај се. Јас сум таму секоја година и сакам да те видам таму. Милион долари за победникот“,

вели Џонсон. НБА лигата победникот на ова натпреварување го наградува со 100.000 долари, а поразениот во финалето со 50.000

0 comments:

Post a Comment