Најголемото прашање со кое челниците на ЛА Лејкерс ќе се соочат ова лето не е здравјето на Коби Брајант и тоа дали тој ќе биде достапен за почетокот на наредната сезона, туку дали Двајт Хауард ќе го продолжи договорот и ќе остане во нивните редови.
Коби Брајант несомнено е најважниот играч во Лос Анџелес. Но следната сезона ќе биде негова 18та во лигата, што значи дека во Лејкерс може да игра уште неколку години. Додека пак, Двајт Хауард е на врвот од својата кариера и има можност да потпише договор што ќе го задржи во дресот на жолто-златните во наредните 5 години.
“Јас се надевам дека Двајт Хауард ќе остане во овој тим и ќе игра за нас и наредната сезона. Мислам дека ова е местото за него. Тој е на врвот од својата кариера и најдобрите години се пред него. Има шанса да продолжи да игра со една од најелитните франшизи во лигата, а и градот кој што го претставува е одличен. Ова мора да е местото за него и мислам дека и тој гледа од истиот аспект.“ - изјави Стив Неш за „Los Angeles Times“.Хауард на 1ви Јули станува слободен играч и ќе добие шанса да потпише максимален 5-годишен договор вреден 118$ милиони долари, или пак да потпише 4-годишен договор со друг тим.
0 comments:
Post a Comment