Home » , , , » Кралот владее во Њу Јорк

Кралот владее во Њу Јорк

Written By Unknown on 25.3.13 | 15:01

nba_hof_06 Медисон Сквер Гарден е најпозната сала во спортскиот свет. Богатиот светол кошаркарски храм низ историјата ни подари индивидуални представи на големи играчи на НБА лигата. На навивачите на Никс им остана една трага, трага која Бернард Кинг им ја врежа во нивното сеќавање, и која ќе е тешко да ја заборават.

Њу Јорк Никси и нивните соседи Њу Џерси Нетс на Божиќ 1984. година одиграа фантастичен двобој. Но, ѕвезда на вечерта беше Бернард Кинг, кралот на Њу Јорк кој изминатата сезона го одведе тимот до плејофот каде во полуфиналето на Истокот каде во 7. натпревари загубиле од Бостон Селтикси.

Кинг во натпреварот влезе како најдобар стрелец на лигата и во просек бележеше нешто помалку од 33 поени. И покрај тоа, никој не очекуваше таква ексползија каква што се случи таа вечер. Кинг во натпреварот влезе агресивно и со својот познат “baseline fadeaway“ сам ги предводеше Никси до водство на полувреме во кое постигна рекордни 40 поени, најмногу во едно полувреме во историјата на Њу Јорк Никс. Најверните навивачи во МСГ знаеа дека гледаат представа за памтење.

Во второто полувреме постигна уште 20 поени и тоа му беше доволно да го помине и рекордот на Никси во поени на еден натпревар кој го држеше Рич Гурин кој во дамнешната 1959. година даде 57 поени. Рекордната вечер на Кинг и бројките за историја сепак не му ја донесоја побдата на Никси кои загубија од Нетси предводени од Мајкл Реј Ричардсон со резултат до 120-114.

Бернард Кинг таа сезона претрпе тешка повреда на коленото која го оддалечи од терените цела сезона 1985/86. Без обзир на се, се врати и одигра солидна кариера за Вашингтон Булетси бележејќи 28 поени по натпревар.

“Вaseline fadeaway“-от на Кинг се смета за еден од најубиствените оружја во историјата на кошарката затоа што никој не можеше да го чува. Неговото брзо испуцување на топката и неверојатната експлозивност му донесоја многу индивидуални награди. На Ол Стар натпреварот играше 4 пати, 2 пати е во најдобрата петторка на лигата, а водечки стрелец на лигата беше во споменатата 1985/86 година. Единствено што му недостасува е титулата, која никогаш не ја освоил.

Навивачите на Никси на ова се сеќаваат со насмевка на лицето и многу сметаат дека тој е еден од најдобрите во историјата на НБА, како и во историјата на клубот.

0 comments:

Post a Comment