Home » , » Стеф Кари: “Мојот зглоб е добро“

Стеф Кари: “Мојот зглоб е добро“

Written By Anonymous on 25.3.13 | 15:37

По што одигра одличен меч против Вашингтон во саботата навечер, Стеф Кари ги загрижи своите навивачи кога го напишти мечот во 4/4 од натпреварот, поради повореда на скочниот зглоб. 

Сепак, по деталните прегледи утврдено е дека нема сериозна повреда, а и самиот играч изјави дека е добро и дека би можел да игра вечерва против Голден Стејт.

“Добро сум. Не грижете се за мојот зглоб. Тоа е само уште една епизода. Поминувам низ тоа цела сезона. Ќе бидам во ред. Морам паметно да постапам во овој дел од сезоната. Не би било добро да се форсирам доколку не сум спремен, а сите знаеме дека не чекаат важни натпревари. Знаеме дека мораме да ги победиме Лејкерси кои се веднаш позади нас“,

вели плејмејкерот на Голден Стејт кој го заврши натпреварот со Визардс на 6.03 минути до крајот по што грубо го фаулира Картиер Мартин. До тој момент Кари имаше 35 поени со 8 асистенции. Неговиот тим вечерва ќе го дочека тимот на Лејкерси кои се наоѓаат на последното, 8. место на Западот кое води во плејофот, 2.5 натпревари зад Вориорс.

Тимот на Марк Џексон ќе мора да го добие тој натпревар, а со Кари во тимот ќе имаат и тоа како шанси.

“Од вечер во вечер, тој е наш најдобар играч. Многу е важно да имате таков играч во тимот поради кои другите играчи ќе веруваат во победа. Стеф е посебен играч“,

изјави Џексон.

0 comments:

Post a Comment