Home » , » Ајзеа Томас го креираше идеалниот плејмејкер

Ајзеа Томас го креираше идеалниот плејмејкер

Written By Anonymous on 3.3.13 | 20:25


Бившиот НБА кошаркар и лидер на познатата генерација на Детроит под назив “Бед Бојс“, Ајзеа Томас проба на јавноста да и објасни како би требало да изгледа идеалниот плејмејкер.

Популарниот “Зеке“ не можеше да земе само еден играч како пример. Тој од неколку актуелни топ-плејмејкери во НБА лигата земаше одредени карактеристики за да направи еден совршен плејмејкер.

Од Тони Паркер го зеде шампионскиот темперамент. Ајзеа во Паркер гледа личност кој го слуша тренерот во потполност и претставува продолжена рака на својот тренер на теренот.

“Тони одлично го контролира темпото на играта, кога ги гледате Спарси, тие играат во свој ритам, ве тераат да ја играте нивната игра. Главна причина за тоа е Тони“,

смета Томас. Од Крис Пол Ајзеа ги зема лидерските способности. Томас смета дека плејмејкерот на Клиперси на маестрален начин ги командува случувањата на теренот.

“Крис умее да додава на феноменален начин, се гледа дека е вистински лидер на тимот и во соблекувалната и на паркетот. Тој своите играчи максимално ги користи, ги вклучува сите во играта. Има храброст да ја преземе одговорноста кога ќе затреба. Маестрално го командува нападот на Клиперси“,

јасен е Томас. За да се формира “супер-плејмејкерот“ на Ајзеа му се потребни и дел од способностите на ДЕрик Роуз. Бившиот лидер на Пистонси е уверен дека Ди Роуз совршено би бил напаѓачко оружје.

“Ако сакате играч кој е доволно снажен да се избори во рекетот со противничките играчи и центри, тогаш тој играч е Дерик Роуз. Покрај силата, тој е играч кој поседува неверојатна вештина. Може без престан да погодува неверојатно тешки шутеви. Има голем асортиман на решенија, убиствен е со левата рака како и со десната, погодува без рамнотежа и погодува шутеви со контакт“,

смета Ајзеа. Четвртиот чекор до иделниот плејмејкер се наоѓа во Расел Вестбрук и неговиот голем натпреварувачки дух.

“Рас е голем борец, тоа го има докажано. Нема момент тој да е на паркетот, а нешто како да одмара. Секогаш е максимално посветен. Со истиот жар влегува во секој напад. Многу е издржлив“,

пресече Томас на кој последен дел од слагалица му е дриблингот на Кајри Ирвинг, играчот на Кливленд Кавалирс.

“Дриблингот на Кајри е нешто најсовршено. Толку добро ја контролира топката што е веќе најдобар во светот во тој аспект. Покрај тоа е одличен шутер и лидер“,

заклучи Ајзеа Томас кој во својата кариера стигна до 2 ттули и 12 настапи на Ол Стар натпреварот.

0 comments:

Post a Comment