Home » , » Кармело Ентони незгодно го повреди коленото

Кармело Ентони незгодно го повреди коленото

Written By Anonymous on 5.3.13 | 12:20


Загрижувачки вести за сите навивачи на Њу Јорк Никс. Најдобриот играч и лидер на Њу Јорчаните, Кармело Ентони доживеа непријатна повреда на десното колено, вчера на мечот против Кливленд Кавалирс кој е игран во Охајо. Тој со болки го напушти мечот, и не се врати во продолжението.

Неговиот тим очајно влезе во натпреварот со Кавси. По само 5 минути игра во 2/4 од натпреварот губеа со неверојатни 52-30 кога Мело прими едена пас во контра на средината на теренот. Во тој момент се сплетка и незгодно заврши на перкетот. Неколку минути пред крајот на првото полувреме Никси официјално објавија дека Мело нема да се враќа на паркетот на тој натпревар.

Според информациите на репортерот на ТНТ Дејвид Олдриџ, Мело би требало детално да биде прегледан денес, во Детроит каде Никси го играат својот следен натпревар. Ентони влезе во мечот изедначен на првото место на стрелците со Кевин Дурант (28.6). Пред несреќната повреда имаше 6 поени со само 1 погоден шут од игра. Сепак, Никси успеаа да го свртат резултатот и да победат со резултат од 102-97.

0 comments:

Post a Comment