Home » , » ЛеБрон Џејмс: “Сакаме нешто повеќе од обичен рекорд“

ЛеБрон Џејмс: “Сакаме нешто повеќе од обичен рекорд“

Written By Anonymous on 5.3.13 | 12:29


Нема “стоп“ за тимот на Мајами. 14 победи по ред сепак не е она што ги задоволува избраниците на Ерик Сполстра. Победничката низа вчера е продолжена во Минесота, каде Мајами победи со 97-81.

Одличниот бек на Мајами Двејн Вејд правеше се што требаше на теренот, па можеби и повеќе од тоа. Средбата ја заврши како најефикасен играч во двата тима со 32 поени и 10 асистенции, а покрај него како во младите денови забиваше Крис Андерсен, но и ЛеБрон Џејмс...

Со победата над Минесота, играчите на Мајами поставија нов клупски рекорд по бројот на победи во низа, сега тој изнесува 14 победи, но за ЛеБрон Џејмс тоа не е единственото нешто на што цели тимот. Имено, крилниот играч на Мајами сака, како и неговите соиграчи, реприза од сценариото од минатата сезона кога “Жешките“ се закитија со трофејот Лери О’Бриен.

“Секогаш кога имате можност да поставите рекорд на една франшиза, тоа е неверојатно. Меѓутоа, ние не сакаме да останеме на ова, сакаме да продолжиме во ист ритам. Во секој натпревар влегуваме со желба за победа. Во соблекувалната не зборуваме за оваа низа, размислуваме исклучиво од натпревар за натпревар и однапред му се радуваме на следниот натпревар. Сите знаеме какви ни се амбициите оваа сезона“,

вели ЛеБрон Џејмс кој беше брилијантен против “Воците“ со 20 поени и 10 скока.

0 comments:

Post a Comment