Home » , , » ЛеБрон го напушта Мајами?

ЛеБрон го напушта Мајами?

Written By Unknown on 11.2.14 | 15:16

Ѕвездата на Мајами Хит, 4 - кратниот MVP на лигата ЛеБрон Џејмс најверојатно ќе го напушти тимот по крајот на оваа сезона, тврдат блиски извори до овој тим.

Како што наведува овој извор близок до управата на Мајами Хит, во канцеларијата на Пет Рајли завладала паника. Имено, челниците на тимот дознале дека ЛеБрон Џејмс сака да го напушти својот сегашен клуб по завршувањето на сезоната.

ЛеБрон има опција во договорот по кој по крајот на сезоната може да стане слободен играч. Иста клаузула во договорот поседуваат и Вејд и Бош. Сепак, изворот наведува дека само Џејмс одлучил да го “подигне сидрото“.
 Она што знам е дека крајот на големата тројка на Мајами се ближи. ЛеБрон сака да потпише максимален договор, свесен е дека по крајот на сезоната ќе ја има најголемата шанса за такво нешто.
Дека во управата на Мајами се плашат од заминување на Џејмс, потврди и еден член на стручниот штаб кој рече:
 Ме прашувате дали се грижиме околу заминувањето на ЛеБрон? Па, тоа ни е најголема грижа во моментов. Слушавме дека заминува.

0 comments:

Post a Comment