Дени Грејнџер, водечкиот стрелец на Индијана неколку сезони наназад кој одигра само 5 натпревари оваа сезона поради проблеми со коленото, повторно ќе биде жртва на операција, што ќе го оддалечи од терените до крајот на оваа сезона.
Ова ќе биде дури втора операција на коленотот на Грејнџер во период од седум месеци. Првата операција Грејнџер ја правеше во Октомври, а оваа сезона одигра само 5 натпревари во кои бележеше мизерни 5.4 поени по натпревар. Пред 2 недели Грејнџер повторно почувствува болка во коленото и од медицинскиот состав на Пејсерс беше одлучено дека тој ќе мора да оди на уште една операција. Како и да е, се очекува Дени Грејнџер да биде 100% спремен за тренинг кампот од почетокот на наредната сезона, секако доколку некоја друга повреда не го пролонгира тоа.
Пејсерс во плејофот влегуваат како едни од ретките вистински конкуренти на неприкосновените Мајами Хит, кои се наоѓаат на врвот од источната конференција. Грејнџер можеше да им помогне во нападот, каде што Индијана е катастрофална сезонава. Сега дури и без Грејнџер, Френк Вогел ќе мора да наоѓа други решенија за тоа од каде ќе доаѓаат поените.
0 comments:
Post a Comment